Здравствени придобивки од аспарагусот

Аспарагусот го вбројуваат во т.н „суперхрани“ како чиа семето, зелениот чај, киноата, кељот и слично, а се работи за не-скробен зеленчук полн со хранливи состојки и растителни влакна.

1) Полн е со витамин К



Витаминот К е витамин вклучен во превенција на засирување на крвта и во подобрување на здравјето на коските и срцето. Една шолја аспарагус има 56 микрограми од овој витамин, што е повеќе од половина од препорачаната дневна доза која изнесува 90 микрограми.

2) Тој е пребиотик

Пробиотиците помагаат во дигестијата, но пребиотиците (јаглехидрати кои не се варат и со кои се хранат бактериите во цревата) се исто така многу важни – а аспарагусот е пребиотик.

3) Одличен извор на фолати

Фолатите се важни за ДНК синтезата и на телото му се потребни за делење на клетките. Возрасните треба да внесуваат околу 400 микрограми фолати дневно (во бременоста и до 600), а една шолја аспарагус има околу 18% од оваа доза.

4) Помага при намалување на подуеноста

Аспарагусот ја зголемува продукцијата на урина, помагајќи во исфрлање на водата од телото – тој е природен диуретик со чија помош може да ја намалите/елиминирате подуеноста.

5) Помага во детоксификација на телото



Антиоксидансите го штитат телото од слободните радикали, што помага во борбата против разни болести како што се канцерите. Аспарагусот е богат со нив, особено глутатионот, кој е важен антиоксиданс кој игра клучна улога во процесот на детоксификација и е поврзан со подобрување на функцијата на црниот дроб, како и со здравјето на кожата.

6) Ја подобрува дигестијата

Аспарагусот е богат со растителни влакна (околу 3 грама во една шолја), помагајќи во дигестијата.

7) Штити од болести

Аспарагусот е одличен извор на витамин Ц кој го зајакнува имунолошкиот систем и помага против настинките – една шолја има 8 милиграми витамин Ц, околу 10% од препорачаната дневна доза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби