Dave’s Kitchen: Пилешко на медитерански начин

Доколку копнеете по вистински медитерански вкус, полн со свежина и пријатна арома овој рецепт е она што го барате. Сочни пилешки гради, супер вкусен медитерански фил од домати, лукче и маслинки, а сето тоа збогатено со вкус на моцарела, гауда и оригано.



Совршена комбинација на вкусови во едно супер елегантно јадење кое има одлична презентација.

Погодно е за неделниот ручек за целото семејство, или пак за романтична вечера за двајца со добро квалитетно вино.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 домат, исечкан на мали коцки
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • 50 гр каламата маслинки, исечкани на коцки
  • 1 лажичка оригано
  • маслиново масло
  • малку путер
  • Сол и мелен црн пипер
  • 100 гр рендана гауда
  • 100 гр свежа моцарела

Начин на подготовка:

Најпрво направете неколку пресеци на пилешкото месо и зачинете го со сол и мелен црн пипер.

Во длабок сад промешајте ги доматот, маслинките, лукот, ориганото и маслиновото масло. Добро зачинете со сол и мелен црн пипер и промешајте. Оваа смеса нанесете ја врз пилешкото. Нанесете рендана гауда врз секое парче и парчињата пилешко пренесете ги во тавче за печење обложено со хартија и премачкано со путер. Одозгора полејте малку маслиново масло. Печете 30-35 минути на 180 степени, а 5 минути пред да биде готово ставете ја и моцарелата. Нарусете малку оригано и печете уште 5 минути. Сервирајте во чинија со малку маслиново масло и свежо исечкан магдонос.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби