Знаци дека сте претерале со внесот на протеин

Протеинот е клучен дел од исхраната, потребен за да се чувствуваме сити, имаме енергија и подобар имунитет. Протеинот е изграден од аминокиселини кои се градбените блокови на ткивата, а вклучен е и во продукцијата на ензими и хормони кои овозможуваат нормална функција на телото.

Некои аминокиселини телото може да самото да ги синтетизира, но оние кои се наречени есенцијални мораме да ги внесеме преку храната. Животинските извори на протеин како месото, рибата, млекото и јајцата ги содржат сите 9 есенцијални аминокиселини, додека повеќето расителни протеински извори ги немаат сите во доволни количини.

Минималната доза на протеин дневно за да се избегне недостатокот од него изнесува околу 50 до 62 грама, додека просечната препорачана доза изнесува помеѓу 140 грама за мажи и 110 грама за жени.

Што се случува доколку се претера со внесот на протеин?

1) Расположението се влошува



Кога јадеме премногу протеин, тоа најчесто значи дека не внесуваме доволно јаглехидрати, а нашиот мозок се храни токму од шеќерите од тие јаглехидрати. Поради тоа, се препорачува внес на комплексни јаглехидрати кои ги има во овошјето, јогуртот, кафениот ориз и овесот.

2) Појава на „мозочна магла“

„Мозочната магла“ се јавува како резултат на дефицит на шеќери кои служат како извор на енергија за мозокот. Како што споменавме, преголемиот внес од протеини најчесто значи внесување недоволно јаглехидрати, што ја предизвикува оваа состојба на мозокот кога немаме концентрација, се чувствуваме летаргични и сл.

3) Зголемување на иритантноста

Без доволно јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта опаѓа и телото не продуцира доволно серотонин, што не прави иритантни.

4) Дебелеење



Тоа најчесто се случува доколку внесувате премногу животински протеин или пиете протеински шејкови, бидејќи многу од нив имаат доден шеќер за да им го подобри вкусот. Со текот на времето, тој вишок на калории може да предизвика дебелеење.

5) Дигестивни проблеми

Доколку најголемиот дел од исхраната ви се состои од протеин, тоа значи дека не внесувате доволно растителни влакна кои се важни за дигестијата и редовното празнење. Без нив, се јавуваат разни дигестивни проблеми меѓу кои е и запекот.

6) Преголема жед

Уште еден индикатор дека внесувате премногу протеин е постојаната желба за вода. Премногу протеин може да предизвика слаба дехидрираност, која е резултат на „прекумерната“ работа на бубрезите кои се обидуваат да го отстранат вишокот протеин и отпад од неговото метаболизирање, што пак предизвикува често мокрење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби