5 знаци дека не внесувате доволно протеин

Протеинот е камен-темелникот на здравата исхрана и слабеењето, а го има во мноштво продукти кои ги јадеме секојдневно, како живината, месните и млечните производи, рибите, јајцата, мешунките и друго.



Истражувањата покажуваат дека оброците кои се богати со протеин нè држат сити подолго време. Препорачаната дневна доза протеин за мажи на возраст од 19-50 години е 56 грама дневно, додека за жени таа бројка изнесува 46 грама дневно.

Еве неколку знаци дека не внесувате доволно протеин во телото:

1) Губите мускулна маса

Протеинот е направен од аминокиселини, кои се клучни за градење на мускулите. Тоа значи дека доколку не внесувате адекватна количина на протеин (во сооднос со вашата висина/тежина и физичка активност), тоа може да резултира со губење на мускулната маса, намалена сила, промена во тежината, па дури и на начинот на кој што ви стои облеката.

2) Подложни сте на фрактури



Покрај исхраната богата со калциум, за здравјето на коските влијае и онаа богата со протеин. Без доволно протеин за овозможување енергија за правилно функционирање на органите и мозокот, нашето тело ќе бара други извори, а едно од местата од кој што го „позајмува“ е скелеталното мускулно ткиво. Доколку постојано имате недостаток на протеин, коските ќе бидат многу повеќе подложни на повреди како што се фрактури предизвикани од нивен стрес или скршеници.

3) Секогаш сте во лошо расположение

Раздразливоста е еден од знаците за недостаток на протеин. Протеинот ги ублажува ефектите од јаглехидратите (кои го зголемуваат шеќерот во крвта), па со тоа помага за стабилизирање на расположението.

4) Постојано се разболувате

Протеинот е градбениот блок на антителата кои ги создава нашиот имунолошки систем, а исхрана со недоволно протеин може да резултира со редукција на Т-клетките, кои се борат против бактериите и го подобруваат нашиот имунолошки систем.

5) Ноктите ви се кршливи и косата бавно ви расте

Кога на телото му недостасува протеин, ноктите можат да станат кршливи, а косата да почне побавно да расте, па дури и да запре со растењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Психијатар му вели на пациентот:
- Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
- Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1422.- Умре францускиот крал Шарл ВИ, кој на...
1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино,...
1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика...
1772.- Роден е англискиот писател и мислител...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби