Вистини и митови за зелениот чај

Кафето сè уште е најпопуларниот кофеински пијалок кој се пие рано наутро, но зелениот чај станува сè попопуларен изминативе години.

Тој е направен од неоксидирани листови на чај, кои содржат антиоксиданси, а начинот на кој што тој се подготвува исто така влијае на нивната конечна количина.



За зелениот чај се врзани многу точни, но и невистинити тврдења во врска со здравствените придобивки кои ги нуди. Дел од нив се:

1) Факт: помага за слабеење

Причината за ова е што повеќето консументи на кофеин во форма на кафе или енергетски пијалаци, заедно со него внесуваат и голема количина на шеќер. Зелениот чај, пак, обично се пие незасладен, што влијае на помал внес на калории во текот на денот.

2) Мит: зелениот чај веднаш ги топи мастите во стомакот

За жал, ова е екстремно неточно. Ниедна храна или пијалок не е способна да топи масти од одредена точка во телото.

3) Мит: зелениот чај го подобрува метаболизмот

Единствениот фактор кој влијае на забрзувањето на метаболизмот е зголемувањето на мускулната маса во телото, бидејќи мускулите „јадат“ калории и кога се во мирување (а особено по вежбањето). Според тоа, единствениот вистински начин на кој зелениот чај би можел да го забрза метаболизмот е доколку ви помогне да се разбудите рано за да отидете во теретана.

4) Факт: го редуцира ризикот од рак

Повеќето билки, меѓу кои спаѓа и зелениот чај, се богати со полифеноли – вид антиоксиданси кои го редуцираат ризикот од хронични болести преку подобрување на клеточната функција на ткивата, оставајќи му на ракот помалку „простор“ да се развие.

5) Тврдење: спречува срцеви заболувања

Голем број студии покажале дека оние кои често пијат незасладен зелен чај имаат помали шанси да развијат кардиоваскуларни болести подоцна во животот, меѓутоа ваквите студии се специфични за одредени региони и се поврзани со генетиката. Без разлика на тоа, заедничко кај сите вакви истражувања е дека пиење на незасладена верзија на било кој вид на чај допринесува за редуцирање на ризикот од развивање на срцеви и други видови на хронични заболувања, особено оние поврзани со вишокот килограми.

6) Тврдење: зелениот чај нема кофеин

Ова е делумно точно, бидејќи одредени верзии на зелениот чај не содржат кофеин.


7) Тврдење: зелениот чај смирува

Зелениот чај е извор на аминокиселината Л-Теанин, соединение кое е поврзано со будноста и подобрување на расположениот, а истражувањата покажале дека консумирање на оваа аминокиселина ја намалува анксиозноста и го подобрува фокусот. Меѓутоа, доколку зелениот чај е од видот што содржи кофеин, ефектот може да биде спротивен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби