Што му се случува на телото кога ќе престанете да пиете газирани пијалаци?

Пиењето газирани пијалаци лесно може да премине во навика, со значителни штетни последици по здравјето. Еве што, според експертите, му се случува на телото откако по подолг период на нивно пиење, ќе ги исфрлите од исхраната:



1) Се намалува желбата за слатко

Нашите тела еволутивно се развиени да очекуваат голема количина на калории кога јадеме нешто премногу слатко, а вештачките нискокалорочни засладувачи во некои газирани пијалаци се 400 до 8000 пати послатки од шеќерот, што предизвикува неколку работи да се случат: мускулите во стомакот се релаксираат за да може да внесуваме храна, и се ослободуваат хормони. Кога во себе внесуваме вештачки засладувачи, бидејќи нашето тело е веќе подготвено за голема количина калории која смета дека ќе ја прими, тоа сигнализира дека сме уште гладни.

Со исфрлање на газираните пијалоци од исхраната, тоа поретко се случува.

2) Се слабее

Иако диеталните газирани пијалоци немаат калории, тие предизвикаат ослободување на инсулин во стомакот поради вештачките засладувачи во нив, што го спречува слабеењето бидејќи инсулинот е примарниот хормон во телото одговорен за складирање на маснотии.

3) Се подобрува имунитетот

Киселоста на газираните пијалоци влошо влијае на дигестивниот систем – го еродира енамелот на забите, и го влошува киселинскиот рефлукс. Истражувачите откриле дека вештачките засладувачи можат да влијаат на здравите бактерии во стомакот, кои пак влијаат на сè од контролата на нивото на шеќерот во крвта, до менаџирање на тежината и разни болести.

4) Се зајакнуваат коските

Бојата во газираните пијалоци содржи вештачки креиран фосфор кој долгорочно лошо влијае на здравјето на коските. Природниот фосфор кој го има во зрнестата храна организмот може лесно да го обработи, но „мутираната“ варијанта од газираните пијалоци организмот незнае дали да ја апсорбира или исфрли, што може да предизвика губење на калциумот од коските.

5) Повеќе енергија

Пиење на премногу кофеин го дехидрира организмот и премногу го стимулира нервниот систем, правејќи не уморни и исцрпени откога неговото дејство ќе престане. Поради тоа, кога внесот на кофеин се намалува, телото има повеќе енергија бидејќи тој веќе не предизвикува постојани нагли покачувања и спуштања на енергијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби