|
|
Dave’s Kitchen: Бело топло чоколадоСовршен рецепт за сите оние кои имаат истeнчен и прибирлив вкус. Ова бело топло чоколадо се подготвува многу лесно и со само неколку состојки.

Потребни состојки:
- 150 гр квалитетно бело чоколадо
- 200 мл. слатка павлака
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Mини манчмалоу за декорација
Начин на подготовка:
Најпрво во тенџере на оган загрејте ја слатката павлака. Во сад на страна искршете го белото чоколадо. Штом павлаката дојде до точка на вриење, прелијте ја врз белото чоколадо. Додајте екстракт од ванила и добро промешајте. Сервирајте во Вашата омилена чаша и декорирајте со мини манчмалоу. Доколку не можете да најдете мини манчмалоу, можете и со големи во различни бои, исечкани на помали парчиња.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели: "Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?" "Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|