Што треба да јадете кога имате стомачни проблеми?

Дигестивните проблеми (болки во стомакот, неварење на храната, гадење, дијареа, киселини во желудникот, или труење со храна) не се воопшто пријатни, а доколку ги искусувате потребно е исхраната да се прилагоди за да тие дополнително да не се влошат.



Гастроинтестиналните нарушувања се комплексни и не постои една „диета„ која одговара за секого – ова особено се однесува на хроничните заболувања како Кроновата болест, улцерозен колит, синдром на иритирани црева, гастропареза и сл.

И во двата случаи (привремени тегоби или хронична болест), еве каква храна се препорачува за да дополнително не се иритира стомакот и проблемите се влошат:

1) Храна која има мала количина на влакна

Влакната се одлични кога станува збор за здравјето на стомакот, и воопшто, меѓутоа кога се имаат гастроинтестинални проблеми, храната која ги содржи во големи количини не се препорачува, бидејќи тие се тешки за варење. Примери за ваква храна се белиот ориз, белите тестенини, компири, и овошје како

2) Зготвен зеленчук

Иако зеленчукот е богат со влакна, кога е зготвен влакната се разградуваат од топлината, со што телото многу полесно може да ги свари. Особено се препорачува варениот спанаќ, тиква, или моркови.

3) Созреана банана

Бананите се полни со нутриенти без разлика во која фаза се (зелени, жолти или со кафени флеки), но доколку имате проблеми со стомакот се препорачуваат супер созреани банани, бидејќи се најлесни за варење.

4) Бел леб

Белиот леб има многу помалку влакна отколку оној од цели зрна.

5) Високо-квалитетни протеини

Тука спаѓаат стекот, живината и рибата, но и јајцата, тофу, и млекото со помалку масти.

6) Бел ориз

Во една шолја ориз има само 0.5 грама влакна, што го прави многу лесен за варење. Во комбинација со зготвен зеленчук и протеин, еден таков оброк не би требало да ги влоши стомачните тегоби.

7) Супи и чорби

Тие содржат аминокиселини, електролити и колаген (особено доколку се направени, на пр. од коски).

8) Инстант овесни снегулки

Ваквиот вид на овес лесно се вари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби