4 здравствени придобивки од јадењето репа

Овој зимски зеленчук е составен од 2 дела – бела или виолетова грутчеста луковица и зелени лисја и спаѓа во групата зеленчуци во која се и кељот, прокељот и карфиолот.



1) Богата е со анти-инфламаторни соединенија

Ваквите зеленчуци содржат многу антиоксиданси, како и соединенија познати како глукозинолати. Антиоксидансите се борат против воспаленијата и останатите штети предивикани од слободните радикали во телото, додека глукозинатите се поврзуваат со намален ризик од канцер, а ја подржуваат и продукцијата на здрави клетки.

2) Добра е за стомакот

Репата е богата со влакна, кои го подобруваат варењето на храната, намалување на гасовите, како и намалување на холестеролот и ризикот од хронични заболувања како дијабетесот. Причината за тоа е што влакната побавно се движат низ гастроинтестиналниот тракт, со што помагаат во стабилизирањето на шеќерот во крвта и ситоста.

3) Природен извор на фолати

Фолатите се неопходни за бремените жени и оние кои планираат бременост, а инаку помагаат во подобрување на кардиоваскуларното здравје и зголемување на нивото на енергија, поради што се препорачува жените над 18 годишна возраст да внесуваат околу 400 микрограми фолати дневно. Една шолја сечена репа содржи 20 микрограми, додека една шолја од нејзините лисја содржи дури 107 микрограми.

4) Го подобрува здравјето на коските

Само една шолја од лисјата содржи 138 микрограми витамин К – што е 153% од препорачаната дневна доза. Овој витамин го подобрува здравјето на коските и е важен агент против згрутчување на крвта.

При купување на репа, препорачливо е луковицата да има големина слична на тениско топче, а крајот да е виолетов. При готвење, треба да се има во предвид дека таа има горчлив вкус, па за да се намали горчливоста лисјата треба да се варат околу една минута а потоа веднаш да се стават во студена вода. Коренот, пак, треба да се пече.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби