Обилен појадок помага за согорување на двојно повеќе калории

Појадокот веќе одамна се смета за најважниот оброк во денот, а сега ново истражување покажало дека тој игра уште поголема улога за нашето здравје.



Во нова студија објавена во журналот за клиничка ендокринологија и метаболизам, било заклучено дека оние кои јаделе обемен појадок согорувале двојно повеќе калории во текот на денот, во споредба со оние кои јаделе обемна вечера.

Тие исто имале помал нагон за слатка храна и имале поздраво ниво на глукоза (шеќер во крвта) и инсулин во текот на денот.

За потребите на студијата, во период од 3 дена, истражувачите евалуирале 16 мажи кои јаделе појадок со малку калории и вечера со многу и спротивно, за потоа да биде измерена нивната термогенеза предизвикана со исхрана (DIT - diet-induced thermogenesis) - мерка која кажува колку добро телото ја метаболизира храната.

Истражувачите откриле дека, во просек, DIT-от на партиципантите бил 2.5 повисок по обемниот појадок во споредба со вечерата, што значи дека нивниот метаболизам бил многу поактивен по појадокот.

Дополнително, таквиот појадок бил поврзан со намалена глад и желба за слатка храна во текот на денот.

Другата група која јадела помалку калоричен појадок, „грицкала“ многу почесто во текот на денот, а јадела и пообемна вечера.

Овој податок  може да има големи импликации за оние кои сакаат да ослабат, како и за оние со дијабетес чие ниво на крв е повисоко од нормалното. Причината за тоа е што луѓето се повеќе чувствителни на инсулин наутро, што значи дека нивните тела треба да продуцираат помалку инсулин за да се контролира нивото на глукоза по јадењето.

Според истражувачите, токму „прескокнувањето“ на појадокот е вообичаена пракса кај оние кои се обидуваат да ослабат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби