Најдобра и најлоша храна за оралното здравје

Еве какви сè видови на храна може да ви помогнат да го одржите (но и уништите) здравјето на вашите заби, непца, и устата.

НАЈЛОША

1) Бомбони и слатка храна



Храната и пијалаците кои содржат многу шеќер се едни од главните причинители на расипувањето на забите, поради бројни фактори. Кога бактериите во устата го разградуваат шеќерот, се ослободува киселина која ја оштетува површината на забите, т.е предизвикува ерозија и ослабување на енамелот.

Киселите бомбони се исклучително штетни, повеќе од останатите видови на бомбони, бидејќи содржат киселини кои се уште повеќе штетни за забите.

Штетни за забите се и лепливите бомбони кои се лепат на нив и ги оштетуваат со шеќерот кој го содржат.

Бомбоните и слатките исто така може да предизвикаат лош здив бидејќи ја стимулираат продукцијата на бактериите во устата.

2) Газирани пијалаци

Покрај тоа што често содржат многу шеќер, фактот што се газирани го зголемува негативниот ефект кој овие пијалоци го имаат врз забите.

3) Чипс

Чипсот е богат со скроб, кој ензимите во устата го претвораат во киселина, а покрај тоа тој многу лесно може да навлезе во празнините помеѓу забите и да предизвика халитоза (лош здив).

4) Кафе

Покрај цвеклото, сосот од соја и црвеното вино, кафето е едно од главните виновници за потемнувањето на забите. Покрај тоа, кафето може да ја суши устата, со тоа создавајќи лош здив бидејќи овозможува размножување на бактерии бидејќи нема плунка која ги отстранува.

5) Лук и кромид

Не само што самите по себе тие имаат силна миризба, туку и сулфурните соединенија во нив се апсорбираат во крвотокот, по што одат во белите дробови што резултира со лош здив кој останува дури и по миењето на забите.

НАЈДОБРА

1) Јајца

Јајцата се одлични за оралното здравје бидејќи се богати со калциум и витамин Д, кој на телото му помага да ги апсорбира калциумот и фосфатите – минерали клучни за градење и заштита на забниот енамел.

2) Јогурт

Млечните производи се исто така богати со калциум и протеин и можат да го зголемат pH нивото во устата, редуцирајќи го ризикот од расипување на забите. Јогуртот содржи и пробиотици, кои помагаат да се отстранат бактериите кои предизвикуваат дупки во забите.

3) Лиснат зеленчук

Покрај тоа што се богати со витамини и минерали, ваквите зеленчуци содржат калциум и фолна киселина кои допринесуваат за доброто орално здравје. Спанаќот, брокулата, на пример, се богати и со витамин Ц, кој помага во заштитата на здравјето на непцата и ја редуцира инфламацијата.

4) Крцкаво овошје и зеленчук

Морковите, краставиците, карфиолот, целерот и слично, се „крцкава“ храна која механички ги чисти забите и непцата, особено кај децата, при што се спречува таложење на забниот камен.

5) Зелен и црн чај

Полифенолите во зелениот и црн чај се одлични за оралното здравје, бидејќи го спречуваат размножувањето на бактериите во устата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби