Dave’s Kitchen: Здрави и eгзотични комбинации на овошен сладолед

Денеска со вас од кујната на Dave’s Kitchen споделуваме рецепт за 5 различни вкусови на домашен овошен сорбет. Сорбет е замрзнато овошје добро изблендирано додека не ја добие конзистенцијата на сладолед.

Постапката за да ги подготвите е супер лесна, а и нивниот вкус ќе ве освежи во текот на жешките денови кои ни претстојат.



Пред да започнете да ги подготвувате сорбет рецептите, потребно е да го подготвите сирупот со кои што ќе се засладат. Во случајов се користи шербет, но доколку сакате може да користите мед, јаворов сируп или да се задоволите со природната блажина на овошјето.

За да го подготвите шербетот, во мало тенџере на оган ставете шеќер и вода и оставете течноста да зоврие. За дополнителен вкус додајте екстракт од ванила или ванилин шеќер. Претурете ја течноста комплетно да се излади во огноотпорен сад.

Потребни состојки:

1.Праска и босилек

4-5 праски исечкани на коцки и замрзнати
3-4 ливчиња свеж босилек
2-3 лажици шербет

2.Јагоди и кора од лимета

300-400 гр замрзнати јагоди
Кора од 1 лимета
Сок од ½ лимета
2-3 лажици шербет

3.Ананас и кокос

1 ананас исечкан на коцки и замрзнат
50 мл. кокосово млеко или 2-3 лажици кокосови снегулки
2-3 лажици шербет

4.Портокал и нане

3 портокали исечкани на коцки и замрзнати
2-3 гранчиња свежо нане
2-3 лажици шербет

5.Краставица и диња

½ краставица исечкана на коцки и замрзната
½ диња исечкана на коцки и замрзната
2-3 гранчиња свежо нане
2-3 лажици шербет



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Релативно срамежлив дечко отишол во кафич со другарите и откако се напиле по една пијачка овој собрал сили и и пришол на некоја од девојките, прашувајќи ја дали може да ја части...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
138.- Умре римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој...
1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор,...
1559.- Умре францускиот крал Анри Втори, татко...
1774.- По шестогодишната војна меѓу Русија и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби