Dave’s Kitchen: 5 идеи за здрав појадок со чиа

Чиа пудинзите се супер здрава опција за појадок. Денеска од кујната на Dave’s Kitchen ви споделуваме пет идеи за чиа оброк. Одберете го Вашиот омилен и подгответе го 30-40 минути пред да го консумирате. Може да се подготви и од вечер за наредното утро.



Потребни состојки:

1.Чиа пудинг со шумско овошје

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 150 мл. бадемово млеко ( може и обично кравјо или било кое друго растително млеко)
  • 2 лажички мед
  • Мешано шумско овошје за декорација

2.Чиа пудинг со семки од тиква

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 150 мл млеко
  • 2 лажички мед
  • 2 лажици семки од тиква

3.Чоко чиа пудинг

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 2 лажици какао
  • 150 мл млеко
  • 2 лажици агаве сируп или малтекс
  • 1 лажица чоко капки
  • 2 лажици сечкани ореви

4.Чиа пудинг со бадеми и мед

  • 3-4 лажици чиа пудинг
  • 150 мл млеко
  • 2 лажички мед
  • 2-3 лажици сечкани бадеми

5.Чиа пудинг со кокос и малина

  • 3-4 лажици чиа пудинг
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица кокос
  • 2 лажички мед или шеќер
  • 5-6 малинки за декорација
  • Кокосов чипс за декорација

Начин на подготовка:

За да подготвите било која од овие вкусни комбинации во чаша ставете го млекото, чиа семето и промешајте. Оставете во ладилник 30 минути да се згусне, а на секои 10 минути промешајте за да биде еднаква густина во целата чаша. Пред сервирање додајте го медот и декорирајте ја секоја чашка со Вашиот омилен вкус.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби