Што треба да јадете после вежбање?

За разлика од храната која што треба да се консумира пред вежбање, телото има посебни нутритивни потреби и после вежбањето, кои доколку ги задоволите ќе имате видливо поуспешни резултати, како и здрав организам.



Доколку сакате да го одржите или изградите своето мускулно ткиво, најважниот оброк е оној непосредно после тренингот. После квалитетно вежбање мускулите се преморени и доколку не добијат брза доза на хранливи материи, започнува процес на нивно разградување. Ако вашиот труд вложен во тренингот не е проследен со соодветен оброк, ефективноста на тренингот значајно се намалува.

Ваша задача е после тренингот да започнете анаболитички процес, односно процес на изградување на мускулно ткиво, што ќе го постигнете со консумирање на сите неопходни хранливи материи.

Прво што треба да направите непосредно после тренингот е да го зголемите нивото на гликоген во крвта, кое заради исцрпното вежбање е намалено, заради што телото почнува да ја црпи енергијата од мускулите. За да го спречите тоа, треба што поскоро да ги пополните залихите на гликоген. Исклучително брз ефект се постигнува со медот, бидејќи тој со голема брзина се апсорбира во телото и ги пополнува вашите енергетски залихи. Доволна ќе ви биде една супена лажица мед непосредно после тренингот.



За разлика од моменталното, долгорочното пополнување на залихите ќе го постигнете со јаглехидрати. Јаглехидрати се исклучително важни во обновувањето на мускулите после тренингот. Тие го поттикнуваат лачењето на инсулинот кој, заедно со хормонот за раст и тестостетонот, е клучен за обнова на мускулното ткиво. Се препорачува после вежбањето да внесете 1 до 1,5 грам јаглехидрати на 1 килограм од вашата тежина. Така, на 80 килограми телесна тежина, потребна ви е количина од 80 до 120 грама јаглехидрати.

Непосредно после тренингот значајно е забрзан процесот на протеинска синтеза, која всушност ги изградува мускулите. За време на овој процес телото максимално ги искористува нутритивните вредности внесени преку храната. Со оглед на тоа дека класичната протеинска храна, како белото месо, туната или сирењето, не се разградуваат толку брзо, најдобро е да испиете протеински напиток кој ќе ги задоволи потребите на организмот за протеини во тој период. Зависно од телесната маса, просечно треба да се консумира од 30 до 50 грама протеини.

Рехидрацијата е подеднакво важна како и потребните нутритивни вредности. Имено, пиењето вода за време на и после тренингот ги надоместува течностите изгубени преку потењето и ја забрзува дистрибуцијата на кислород и хранливи материи до мусклулите преку крвотокот. Недостатокот на вода во организмот предизвикува и недостаток на сила за вежбање.



Витамините и минералите исто така се пресудни за регенерација на телото. Тоа особено важи за витамините Ц и Е кои имаат својства на антиоксиданти, бидејќи на себе ги врзуваат слободните радикали, односно го чистат организмот од отпадни материи.

За ефектот да биде целосен, после тренингот, додека мускулите сеуште се загреани, добро истегнете се, а после оброкот одморете се, дозволувајќи му на телото да се регенерира во целост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби