KFC го најави првото 3D печатено пилешко во светот

Синџирот ресторани KFC од Кентаки (САД), има намера да биде првиот во светот што ќе служи производи од пилешко месо, направени во лабораторија. За да ја постигнат таа цел, тие побараа помош од руски стручни лица за 3D печатење.



KFC истакнува дека тоа би биле „ресторани на иднината“, што ќе се обидат да го постигнат во соработка со руската компанија 3D Bioprinting solutions, којашто ќе го печати пилешкото месо. Притоа, „испечатената“ храна треба да го има оној познат вкус на KFC.

KFC, се решиле на овој чекор, како што велат оттаму, поради тоа што науката укажува дека „конвенционалниот начин на производство на месото е штетен“ за животната средина.

– Печатењето во 3D е широко користен метод во медицината и сега сѐ повеќе се користи и во производството на храна… Се надевам, оваа технологија ќе го забрза производството на храна, рече Јусеф Кесуани, еден од основачите на 3D Bioprinting solutions.

Печатењето 3D човечки органи за трансплантација е нешто на коешто научниците работат подолго време и имаат одредени резултати. Имено, тие успеваат да создадат солидни имитации на вистински органи, но фунционалноста е она што треба да се усовршува. Во прехранбената индустрија, од друга страна, тоа и не е дотолку потребно. Првото 3D печатено пилешко треба да се појави во Москва оваа есен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби