Dave’s Kitchen: Галет со праски

Праските во моментов се најактуелното овошје на пазарите, па денеска ви споделуваме еден интересен рецепт за тоа како да ги искористите и да уживате во нивниот вкус.



Потребни состојки:

За крцкаво путер тесто:

  • 210 гр брашно
  • 180 гр студен путер
  • Прстофат сол
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици студена вода

За филот:

  • 4-5 големи праски пресечени на мали парчиња
  • 4 лажици џем од кајсии или праски
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка цимет
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 жолчка
  • 1 лажица млеко

Начин на подготовка:

Во сад промешајте ги заедно брашното, солта, ванилата и путерот додека не добиете смеса со конзистенција на песок. Додајте ладна вода и оформете тесто. Обликувајте го тестото во форма на топка, обвиткајте го во хартија за печење и оставете да се стегне во ладилник околу 20-30 минути.

За тоа време, во длабок сад ставете ги праските ванилата, циметот и брашното. Добро промешајте и оставете на страна.

Оформете округла кора од тестото и премачкајте со џемот од кајсии или праска, нанесете од пресечените праски во средишниот дел на кората и започнете да ги превиткувате краевите за да ја оформите питата т.е. галетот.

Премачкајте со жолчка и млеко и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-35 минути додека не добие убава златно кафена боја. Сервирајте со топка сладолед или лесно изматен шлаг.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби