За денес Давор ни приготвува сочни, вкусни и неодоливи печени лепчиња за супер вкусно мезе!

Потребни состојки:
200 гр неутрално крем сирење (може и кисела павлака)
1 лажица свежо исечкан копар ( 1 полна лажичка сув копар)
2 лажички свежо исечкан босилек ( 1 лажичка сув босилек)
2 лажички свежо исечкан магдонос
1 чешне лук, ситно исечкано
сол и мелен црн пипер по вкус
2 лажици рендан пармезан
200 гр рендан кашкавал
100 гр шери домати, пресечени на кругчиња
Суво оригано
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте го крем сирењето или киселата павлака заедно со копарот, босилекот, магдоносот и лукот. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус, рендан пармезан и промешајте. Премачкајте го намазот на лепчиња а врз намазот ставете го изренданиот кашкавал. Наредете кругови шери домати (може и обичен домат пресечен на тенки кругови), и зачинете со сув босилек.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Пред послужување полејте со тенок млаз ладно цедено маслиново масло.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.