Овој рецепт е еден од најосвежителните десерти кои што ги имаме пробано до сега. Не само што се подготвува брзо, лесно и не бара печење, туку се состои од ефтини состојки кои се лесно достапни.

Потребни состојки:
За основата:
- 150 гр мелени бисквити
- 4-5 лажици шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
- 120 гр растопен путер или маргарин
За филот:
- 400 гр кисело млеко
- 100-150 гр шеќер во прав
- 2 кесички за шлаг
- 1 лажичка екстракт од ванила или 2 пакетчиња мелен ванилин шеќер
- 1 пакетче желатин, растовен во 4 лажици студена вода, а потоа растопен на пареа
За преливот со шумско овошје:
- 200 гр шумско овошје (вишни, малини, јагоди, аронија..)
- 3 лажици шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
Начин на подготовка:
За да ја подготвите основата, во длабок сад ставете ги мелените бисквити, шеќерот, ванилата и растопениот путер или маргарин. Префрлете ја смесата во мало тавче 18х18 см (за поголемо тавче дуплирајте ја дозата на сите состојки). Со помош на шпатула рамномерно распределете ја основата.
За да го подготвите филот, во сад ставете го киселото млеко и додајте го шеќерот во прав и добро промешајте. Додајте ги и кесичките за шлаг, екстрактот од ванила и добро промешајте. Додајте го растопениот желатин и промешајте. Префрлете го филот врз основата и оставете во ладилник да се стегне околу 3-4 часа.
Пред да сервирате во мало тенџере на оган ставете го шумското овошје, шеќерот и ванилата. Оставете смесата да врие околу 10 минути, а потоа поминете ја низ сито за да добиете чист сируп од шумско овошје. Сервирајте врз секое парче чизкејк од изладениот сируп и уживајте.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете го профилот на Давор и неговата официјална ФБ страна Dave’s Kitchen.