Храна која ќе ви помогне да го добиете рамниот стомак кој отсекогаш сте го посакувале

До рамен стомак не се доаѓа лесно. Важно е многу да вежбате и да се движите. Но, еднакво е важно и што јадете. Имено, постојат намирници кои го поттикнуваат системот за варење и ги топат масните наслаги.



Таа храна би требало што почесто да се наоѓа на вашето мени. Покрај веќе познатите намирници кои ви ги имаме напоменато, како што се протеините, водата, житарките и сл., ви откриваме дополнителна листа на еднакво важни намирници кога станува збор за рамниот стомак.

Кефир

Овој ферментиран млечен производ низ народот е познат како еликсир на младоста. Освен тоа што содржи висок процент на протеини, кефирот е збогатен со многу пробиотици кои поволно влијаат на системот за варење, збогатувајќи ја цревната микрофлора. Британските научници, пак, докажаа дека токму пробиотиците ги уништуваат масните ткива.

Јајца



Јајцата претставуваат извонреден извор на хранливи материи. Белките содржат чисти протеини кои ги изградуваат вашите мускули, додека пак жолчката се состои од масти, витамини и минерали кои даваат енергија. Токму затоа јајцата се доста популарен утрински оброк. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои вообичаено консумираат храна богата со протеини, долгорочно одржуваат идеална телесна тежина. Поконкретно, со континуирана консумација на таква храна, за година дена може да ослабете над три килограми без никаков дополнителен напор.

Цитрон

Киселината која ја содржат цитроните помага при варењето и дава чувство на ситост. Високата концентрација на витамин Ц директно влијае на намалување на холестеролот во крвта, како и на намалување на ризикот од срцев удар. Цитроните, како и останатото овошје и зелечук, имаат ниска енергетска вредност. Со други зборови, го поттикнуваат организмот да ги троши своите залихи на енергија- мастите.

Зелен чај



Зелениот чај има безброј позитивни влијанија врз организмот. Оние кои професионално се занимаваат со бодибилдинг често после тренинзите пијат зелен чај. Преполн е со антиоксиданси кои ги врзуваат слободните радикали во организмот, ги регулираат мастите во телото и делуваат смирувачки.

Интегрални тестенини

Интегралните тестенини се направени од житарици и имаат низок гликемиски индекс. Тоа значи дека по нивната консумација шеќерот во крвта не се зголемува одеднаш, туку енергијата од интегралната храна се отпушта постепено и оптимално. Обичните тестенини од рафинирани житарици нагло го подигнуваат нивото на глукоза во крвта која на краток рок не постигнувате да ја потрошите, заради што истата се складира во организмот во облик на масно ткиво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто зелките се среќни.
Зошто кочанот секогаш е во нив!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини,...
Верски календар
На денешен ден
1586.- Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите...
1741.- Умре италијанскиот композитор и виолински...
1750.- Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах,...
1804.- Роден е Лудвиг Фоербах, германски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби