Храна која што може да ви предизвика главоболка

Постојат многу видови храна кои во одредени услови можат да бидат предизвикувачи на главоболка. Ако сте од оние кои често, или барем понекогаш ги мачи мигрена, секако дека ќе ве интересираат следните податоци.



Воопштено, најнеповолно влијание:

- Сирењата кои долго стојат и другите намирници кои содржат тирамин: црвено вино и други алкохолни пијалаци, сувомесните производи и др.

- Алкохол - циркулацијата на крвта во мозокот се зголемува кога пиете алкохол и тоа може да биде причина на главоболката. Значи - црвеното вино, пивото, вискито и шампањот, според тврдењата на експертите, се најчести поттикнувачи на оваа досадна болка.

- Додатоци на храна - разни адитиви. Адитивите и даваат на намирниците подолга трајност и постојаност. Тие, сепак, можат да бидат и причина за главоболка.

- Ладни намирници – можеби не сте знаеле дека ладната храна има негативно дејство кај некои луѓе, односно може да им предизвика главоболка. Голема е веројатноста тоа да му се случи и на вашето веќе загреано тело, на пример при зголемена физичката активност или надворешната висока температура. Болката тогаш се јавува во горната половина на главата и трае во серии од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека над 90 отсто од луѓето кои страдаат од хронична мигрена се осетливи на сладолед и други ладни супстанци.

Останати намирници кои можат да предизвикаат главоболка:



- кикирики, путер од кикирики, ореви

- пица

- чипс

- пилешки џигер

- димена риба

- домашни крофни, колачи и леб

- десерти кои содржат сирење

- суво овошје

- супи со месни додатоци

- јогурт

- кофеинот што го има во чоколади, какаото, кафето, чајот

- вештачки засладувачи

Видови сирење кои содржат високо ниво на тирамин:

- чедар

- фета

- горгонзола

- моцарела

- пармезан

- швајцарско сирење

Прехранбени производи кои содржат адитиви:

- хот-дог

- шунка

- колбаси

- сланина

- лути пиперки

Наведовме голем број на намирници што понекогаш предизвикуваат главоболка. На вас, секако е да откриете која од нив ви задава најголеми проблеми. Најдобро решение е да водите еден вид на дневник за тоа кога точно чувствуваат главоболка и која храна сте ја консумирале тој ден. После извесно време водење на ваква евиденција ќе ви стане јасно – ќе утврдите кои намирници ви предизвикуваат главоболки во конкретни случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби