Која храна е добра за вашето срце?

Не е новост дека исхраната богата со зеленчук може да помогне да се намали опасноста од срцеви заболувања, но стручните лица овојпат анализирале над 100 испитувања, при што се покажало дека некои намирници имаат особено силно влијание во намалувањето на повеќе видови срцеви болести и смртноста притоа.



Поточно, научниците ја проучувале врската помеѓу срцевите заболувања и исхраната, односно – црвеното месо, пилешкото, јајцата, млечните производи, семиња и житарки. Заклучоците велат дека исхраната со малку месо, а многу зеленчук, е поврзана со помал ризик од смрт од срцеви заболувања.

Зелјестите растенија и доматите можат значително да ја намалат таа опасност. Тоа, зашто доматите, на пример, се богати со антиоксидансот ликопен, за којшто е докажано дека ја подобрува васкуларната функција и штити од болести.

Покрај тоа, замената на путерот, кој е богат со заситени масти, со мононезаситени масти, какви што има маслиновото масло, дополнително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Истражувачите, исто така, велат дека е доволно да јадете најмалку две порции зеленчук дневно за да го намалите тој ризик и до 34 отсто. Зелениот зеленчук и доматите се најкорисни во овој поглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби