Ананас - чудесно овошје кое го подобрува вашето здравје

Ананасот како тропско овошје може да се јаде свеж или замрзнат, а корисен е бидејќи има малку маснотии и е богат со витамини, минерали, влакна, вода и антиоксиданси.



– Бидејќи ова овошје содржи јаглехидрати и природни шеќери, многумина се загрижени и се плашат да го јадат. Но, не е дека јадете премногу овошје ако го јадете во неговиот првичен облик. Вклучувањето на ананасот во вашата исхрана е одличен начин за подобрување на целокупното здравје, изјави нутриционистката Сара Рувен за „Eat This”.

Една од важните придобивки од ова тропско овошје е улогата во варењето на храната. Имено, ананасот содржи ензим наречен бромелаин, којшто благотворно влијае на гастроинтестиналниот систем.

– Влакната и бромелаинот кои се наоѓаат во ананасот делуваат заеднички и го унапредуваат здравото функционирање на системот за варење. Влакната помагаат да започне варењето, додека бромелаинот може да помогне да се намали секое воспаление во внатрешноста на желудникот, вели д-р Ејми Шапиро.

Освен тоа, бромелаинот не само што го намалува воспалението, туку може и да ја намали болката поврзана со хронични воспалителни состојби како што е ревматоидниот артритис. Во научен труд од 2004-та година објавен во списанието „Клиничка ревматологија“, пациентите со артритис кои земале хранлив додаток со бромелаин пројавиле помалку болка по шест недели во споредба со групата која земала лекови против болки.

Редовното јадење ананас може да го подобри и нашето расположение бидејќи содржи триптофан, којшто се користи во лачењето серотонин. Нивото на серотонин, особено кога е премногу ниско, игра улога во многу нарушувања на менталното здравје, вклучувајќи депресија и анксиозност.

Свежиот ананас е богат со манган. Овој минерал може да помогне во спречувањето на губење на коскената маса кај пациенти со остеопороза. Дополнително, манганот може да ја намали болката кај пациенти со остеоартритис во спој со други додатоци. Труд објавен во списанието „Остеоартритис“ покажува подобрување на симптомите кај пациенти кои примаат комбинација на глукозамин, хондроитин и манган во споредба со плацебо групата.

Испитувањата кај луѓе и животни покажаа дека локалната примена на бромелаин може да биде корисна и во процесот на заздравување на изгорениците.

– Ананасот ги задоволува вашите дневни потреби за витамин Ц. Една чаша исцеден ананас обезбедува 131 отсто од вашите потреби, вели Шапиро.

Витаминот Ц ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем, а исто така може да му помогне на телото да лачи повеќе колаген – протеин делотворен за еластичноста на вашата кожа, зглобови и мускули. Ананасот содржи и големи количини на антиоксиданси познати како флавоноиди. Овие соединенија се поврзани со намалување на влијанието на неколку хронични здравствени состојби, од астма до срцевите заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби