Зошто е добро да јадете кикирики?

Бројни се причините зошто треба да се јадат кикирики и производи од нив – путер, масло и друго, но сега и науката потврди дека тие го продолжуваат животот.



Кикириките се богати со здрави масти, протеини, растителни влакна, а содржат и повеќе од 25 есенцијални хранливи материи – витамин Б, аминокиселини, магнезиум, фосфор, калиум. Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија помагаат за поздраво срце и многу други придобивки за човечкото тело, пишува „Eat This“.

Грст кикирики содржи околу седум грама висококвалитетни растителни протеини, а богати се и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти. Науката покажа дека печењето кикирики го зголемува нивото на нутриенти, што ги прави овие јаткасти плодови уште поздрави.

Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и тие помагаат во намалувањето на опасноста од срцеви заболувања.

Кикириките лесно заситуваат, па помагаат и во контролата на телесната тежина. Истражувањата покажуваат и дека протеините помагаат и во регулирањето на хормоните на гладта, а влакната – на чувството на ситост. Ова е веројатно причината зошто оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина.

Трудот објавен во американското медицински списание „ЈАМА“ посочува дека кикириките воопшто придонесуваат за подолг и поздрав живот. Оние кои уживаат во јаткасти плодови, воопшто, се вели, имаат значително помала веројатност порано да умрат од која било причина.

И неколку други поголеми испитувања со по неколку илјади учесници, исто така, водат кон заклучок дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да го продолжат животот на човекот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби