Топ 3 зеленчуци против целулит

Во здодевната борба против целулитот, како и против несаканите килограми, неопходна е трајна промена на прехранбените навики. Тоа подразбира балансирана исхрана со редовен внес на разновидно овошје, но пред сè, на многу зеленчук.



Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се важни за зацврстување на сврзното ткиво во телото. Во комбинација со помал внес на шеќери и поголем внес на протеини и вода, помага и во воспоставување на нормално ниво на естроген во крвта, како и за регулирање на шеќерот во крвта, што се исто така многу важни фактори против целулитот.

Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц и од некои видови на овошје. Токму витаминот Ц игра главна улога во зајакнување на сврзното ткиво и во намалување на грдите нерамнини на кожата на задникот и бутините. Најпознат извор на овој витамин се свежиот спанаќ, црвената пиперка, брокулата, прокељот, кељот и магдоносот.

За зајакнување на сврзното ткиво исто така придонесуваат и одредени аминокиселини и селенот. Калиумот, пак, помага против задржување на течности и штетни материи во клетките, а како одличен извор на калиум се издвојуваат доматите, карфиолот и аспарагусот.

Во изборот на зеленчук факт е дека не можете да погрешите. Но, ние издвоивме три видови на зеленчук кои најефикасно се справуваат со борбата против целулитот, кои би требало да ги консумирате што почесто.

Сладок компир

Покрај лошите гласини кои го следат, слаткиот компир е еден од најхранливите и најздравите зеленчуци, а идеален против целулитот. Содржи калиум, витамин Ц и Е, како и бета каротен. Заради протеините кои ги содржи, тој е одличен антиоксиданс.

Слаткиот компир е најдобар зеленчук за подобрување на циркулацијата и за елиминација на токсините. Тоа се двете најважни работи кога станува збор за отстранување на целулитот.

Брокула

Овој зеленчук е одличен борец против целулитот заради следните причини:

- содржи алфа липоична киселина која помага против стврднување на колагенот;

- одличен извор на витамин Ц;

- богата е со растителни влакна;

- еден до најдобрите извори на калциум, кои не се млечни.

Прокељ

Овие мали зелени топчиња се одлични за израмнување на вашата кожа. Консумацијата на зелениот листест зеленчук, во кој спаѓа и прокељот, е ефикасен сојузник во борбата против целулитот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби