Јајца – одличен избор за појадок

Eдна од најсоодветните и најкорисни намирници за почеток на денот е јајцето. Тоа е одличен избор за секој кому му требаат малку повеќе протеини, а помага и при слабеење бидејќи ќе ја држи ситоста и покрај тоа што количината за јадење не е преголема.

За што се добри јајцата?



Ги штитат очите и видот. Богати се со моќните антиоксиданси зеаксантин и лутеин, коишто штитат од штетните УВ-зраци и ја намалуваат опасноста од катаракта. Советот гласи – сварете неколку јајца навечер за да имате здрав појадок наутро и – чувајте ги во фрижидерот, за секогаш да има нешто здраво за јадење „при рака“.

Јајцата се и десерт за оние кои се на диета. Едно јајце содржи околу 70 калории, па едно истражување покажа дека луѓето со вишок килограми кои јадат две јајца за појадок изгубиле 65 отсто повеќе килограми од оние кои јаделе колачиња. Протеините во јајцата побрзо заситуваат и го продолжуваат чувството на ситост, што значи дека полесно ќе одолеете на грицките потоа.

Јајцата се еден од најдобрите извори на нутриентот холин – едно јајце содржи околу 30 отсто од препорачаната дневна доза. Холинот се наоѓа главно во жолчката од јајцето и е особено делотворен за спречување на рак на дојка кај жените.

Јајцата се сметаат за еден од најквалитетните природни извори на протеини и есенцијални масни киселини кои се клучни за многу функции во телото, вклучувајќи го растот и развојот на телесните ткива и нормалното функционирање на мускулите и нервите.

Холинот го зајакнува и мозокот. Оваа хранлива состојка игра важна улога во развојот на мозокот и помнењето, а со тоа ја намалува и можноста за појава на Алцхајмерова болест. Ако работата на еден човек бара повеќе концентрација, тој / таа треба да јаде две јајца дневно.

Омлет со зеленчук

За овој појадок се потребни:

  •  2 јајца
  •  четвртина црвенa пиперка, сечкана
  •  малку рендано тврдо сирење
  • неколку листови свеж спанаќ
  • 2 мали сечкани домати
  • бибер
  • путер

Подготовка:

Јајцата се матат и се зачинуват, па потоа смесата се става да се пржи на путер. Кога долниот дел ќе се испржи, се додаваат сирењето и зеленчукот. Сѐ тоа се врти на другата страна. За неколку минути, омлетот е готов.

Јајце на леб со авокадо

За ова јадење се потребни:

  • потпечено лепче
  • 4 мали парчиња авокадо
  • масло за пржење
  • 1 јајце
  • бибер
  • лут сос по желба

Подготовка:

Авокадото се гмечи со виљушка и се зачинува. Во тава мала тава го пржите јајцето. На потпеченото лепче се мачка авокадото, па врз него го ставате јајцето и лутиот сос и појадокот е подготвен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби