Храна и намирници што поттикнуваат среќа

Едноставната стратегија во исхраната е важна за човековата благосостојба. Со конзумирање на научно докажана „среќна храна“ се подига расположението, енергијата, а се смирува анксиозноста и стресот.



– Храната може да ја поттикне или ја попречи среќата. Една од седумте невролошки тајни на среќата е уживањето во вистинска храна и пијалак, што прави да се чувствуваме подобро, не само во тој миг, туку и на долг рок. Одредена „среќна храна“ е научно докажана како таква. Има и „тажна храна“ – онаа која го расипува расположението, ја одзема енергијата, ја зголемува напнатоста, и којашто треба да се избегнува, објаснува американскиот психијатар Даниел Амен.

„Среќна“ храна

Вистинската „среќна храна“ е онаа што прави да се чувствувате добро во мигот, но го подобрува расположението, енергијата и физичката благосостојба и на долг рок.

Од друга страна, пицата, сладоледот и чипсот, на пример– може да пружат моментален брз поттик, но подоцна го одземаат чувството на задоволство. Општо земено, ова се неквалитетни намирници кои се направени со добар вкус за да поттикнат „чувство на блаженство“ во мозокот преку неврохемикалии на среќата – како што е допаминот, коишто предизвикуваат зависност.

Сѐ поголем број на научни трудови покажуваат дека ваквата исхрана го зголемува ризикот од депресија, анксиозност, нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание, деменција, како и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и други состојби.

Стручњаците препорачуваат поголема рамнотежа во исхраната и при изборот на јадењата.

– Како психијатар имам сретнато десетици илјади пациенти во повеќе од 30 години, па можам да ви кажам дека овие проблеми ви ја одземаат животната радост, појаснува д-р Амен.

Според него, намирниците за трајна среќа вклучуваат: Органско шарено овошје и зеленчук, особено бобинки и зелјести плодови; одржливо одгледани риби и месо, јаткасти плодови и семиња, здрави масла, јајца; чисти протеински прашоци (без шеќер, растителна основа), црно чоколадо, непреработена храна, органска храна, храна со низок гликемиски индекс (којашто не го зголемува шеќерот во крвта), храна богата со растителни влакна.

„Тажна“ храна…

– Јас тоа го нарекувам „оружје за масовно уништување“, бидејќи го уништува здравјето на населението, а ние и ги извезуваме тие видови храна низ светот. Тоа се намирници кои Ве прават среќни во мигот, но поради коишто подоцна се чувствувате лошо, уморно, вознемирено или стресно, предупредува Даниел.

Лажната „среќна храна“, според наводите, ги вклучува следните намирници: Високо обработена храна, третирана со пестициди, со висок гликемиски индекс (што го зголемува шеќерот во крвта), со ниска количина влакна, вештачки обоена и засладена храна, производи третирани со хормони и антибиотици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Твојата девојка изгледа ужасно! - му вели таткото на синот.
- Го знам јас тоа, ама со твојот стар автомобил неможев да најдам ништо подобро
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби