Недела на италијанската кујна

Неделата на италијанската кујна во светот, ќе биде одбележана и во земјава од денеска до 13 ноември. Целта е да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.



Годинашното издание на Неделата на италијанската кујна започнува денеска со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде ќе гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија.

Според најавата на организаторите, во петок, со почеток во 16.30 часот, ќе има дефиле на готвачи низ булеварот на EAST GATE MALL и отворање на Mercatino Italiano пред платото на ТИНЕКС, со промоција и продажба на автентична италијанска храна и пијалоци и забава со италијанска музика, која ќе продолжи и за време на викендот.

Во сабота, е предвидено демо готвење во отворената кујна на СУПЕР ТИНЕКС во EAST GATE MALL, каде готвачите од Италија ќе ги откријат тајните на некои од најпознатите италијански специјалитети.

Викендот, 12 и 13 ноември, е резервиран за второто издание на Фестивалот на италијанска храна на плоштадот „Македонија“. Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Предвидена е богата забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Настанот на плоштадот „Македонија“ ќе го отворат амбасадорот на Италија во Скопје Андреа Силвестри и актерот Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна. Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна. Ќе можат да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби