Јапонското јаболко делотворно против стареењето

Дојде сезоната на јапонските јаболка, кои во светот се познати и под името „каки јаболка”. Ова овошје потекнува од Азија, па во Кина се користи како лековит плод веќе над 2.000 години.



На овие простори, ова портокалово или црвено-кафеаво овошно дрво можеби не е толку познато, но плодовите не само што се слатко и вкусно задоволство, туку имаат и многу здравствени придобивки. Меѓу нив се делотворноста за здравјето на очите, спречување разни видови рак, подобрување на варењето, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на холестеролот, зајакнување на коските и намалување на крвниот притисок.

Јапонските јаболка може да му помогнат на телото и за побрзо заздравување, во губењето тежина, при намалување на воспаленијата и за подобар крвоток.

Тоа е богато со бројни витамини, особено со витамин А, бета-каротен, лутеин, ликопен и криптоксантин. Овие витамини се делотворни против брчки, старечки дамки, Алцхајмерова болест, замор, губење на видот, мускулна слабост и голем број други состојби на стареењето.

Јапонските јаболка може да се јадат свежи, сушени, сурови или варени, што го менува вкусот, но битно е што се слатки и меки. Ако целосно созрее, мекиот дел од плодот се вади и со лажица. Една јаболкница дава до 200 килограми плод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби