Во САД почнува продажба на пилешко од лабораторија

По одлука на американската Администрација за храна и лекови, компанијата „Upside Foods“ наскоро ќе може да продава пилешко произведено од животински клетки и одгледувано во биореактори.



Остануваат само два помали регулаторни чекори пред месото произведено на овој начин, без убивање животни, да биде достапно за јавноста. Производните капацитети на компанијата мора да бидат подложени на дополнителна проверка од Министерството за земјоделство, а крајниот производ ќе мора да има етикета за потврдена извршена проверка пред месото да излезе на пазарот. Ова месо засега и натаму ќе биде наменето за тесен круг ексклузивни ресторани во САД.

Ума Валети, извршен директор на „Upside Foods“ нагласи дека намерата е – јавноста прво да го проба нивното пилешко во одредени (специјализирани) ресторани, пред тоа да може да се купи и да се готви дома.

Готвачката со „Мишелин ѕвезда“, Доминик Крен веќе најави дека ќе го послужува „култивирано месо“ во нејзиниот ресторан во Сан Франциско.

Ова месо, инаку, се разликува од растителното, бидејќи содржи вистински животински клетки и – во теорија, не се разликува од вистинското месо. Клетките првично се изолирани од животното и се развиваат во клеточни линии коишто потоа се замрзнуваат. Мали примероци од овие клеточни линии потоа се пренесуваат во биореактори – обично големи челични комори, каде што клетките се „хранат“ во соодветен раствор што содржи хранливи материи кои поттикнуваат клеточна делба. Кога клетките се размножуваат и се диференцираат во соодветен вид ткиво, тие можат да се соберат и да се користат во култивирани месни производи.

Но, месото одгледано на овој начин сè уште е исклучително скапо. Компаниите ги држат вкупните трошоци во тајност, но веројатно, ваквото месо сепак ќе биде неколкупати поскапо од конвенционалното месо. Затоа, првите култивирани месни производи би можеле да бидат мешавина од лабораториски животински клетки и растително месо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби