3 вкусни и здрави преливи за вашата пролетна салата

Пролетта веќе е тука, а тоа значи дека и зелената салата станува наше секојдневие.

Почнуваме да консумираме почесто зеленчук, но и да експериментираме повеќе со вкусовите. Со цел да вкусите нешто поразлично, но вкусно, Ви предлагаме неколку здрави сосови за во салати.

1.Прелив од јогурт

Ставете јогурт во блендер и додајте малку вода. Додека го матите јогуртот со минимална брзина додавајте маслиново масло додека не ја постигнете посакуваната густина. На крај додајте копар и уште некој зачин и преливот е подготвен за вашата салата.

2.Прелив од сенф и маслинки

Потребни состојки:

  • 3 лажици алкохолен оцет
  • Лажичка сенф
  • Неколку исчистени маслинки
  • 4 лажици маслиново масло
  • Лажичка лук во прав
  • Малку мајчина душица, босилек и оригано
  • Сол и црн бибер

Измешајте ги сите состојки во еден сад и преливот е подготвен.

3.Прелив од лук и маслиново масло

Потребни состојки:

  • Маслиново масло
  • Балсамико оцет
  • Сол и бибер
  • 1 лукче
  • Малку вода

Измешајте ги сите состојки во блендер и користете го преливот во вашата салата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби