Искористе ја сезоната на јагоди и уживајте во сите здравствени придобивки кои ги носи ова овошје. Тие се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, а идеалната доза е околу 8 јагоди на ден.
1.Можат да го подобрат здравјето на срцето

Постојат неколку студии кои ги поврзуваат јагодите со здравјето на срцето. Една неодамнешна студија спроведена врз испитаници со вишок на тежина и висок холестерол покажа дека јадењето 2,5 порции јагоди дневно за четири недели ја подобрува отпорноста на инсулин и нивото на ЛДЛ холестерол. Друга студија покажа дека јадењето 2,5 порции јагоди дневно за четири недели ја подобрува функцијата на ендотелијата (мембраната во срцето и крвните садови)
2.Јагодите се одличен извор на витамин Ц
Јагодите се одличен извор на витамин Ц, кој игра улога во функцијата на имунолошкиот систем и се бори против слободните радикали поврзани со ракот и срцевите заболувања. Најголем дел од истражувањата за јагодите и ракот се состојат од студии на животни, но истражувањата покажуваат ветувачки резултати. На пример, истражување спроведено врз глувци покажува дека консумирањето јагоди го инхибира растот на туморот и ги уништува клетките на ракот кај оние со рак на дојка.
3.Содржат посебен антиоксиданс
Не е изненадување што јагодите се поврзуваат со намалувањето на ракот бидејќи содржат елагична киселина, антиоксиданс кој има анти воспалителни својства. Се покажа дека елагичната киселина ја спречува и забавува прогресијата на одредени хронични болести - вклучувајќи срцеви заболувања, рак, когнитивно опаѓање и дијабетес. Овој антиоксиданс е корисен и за црниот дроб, бубрезите, кожата и другите органи.
4.Одлични се за сексуалното здравје
Јагодите се преполни со цинк, кој е врвен минерал за сексуалното здравје, бидејќи е одговорен за здравото ниво на тестостерон кај мажите и го зголемува либидото кај жените. Јагодите се полни со антиоксиданси кои помагаат во подобрување на протокот на крв во гениталиите, подобрувајќи го искуството, со што ова овошје може да направи чуда за вашиот сексуален живот!