Нема ништо поубаво од уживањето во празничната трпеза со семејството. Важноста на храната најмногу се истакнува на Велигден, бидејќи овој голем христијански празник симболички претставува почеток и обнова на животот, па и јадењето кое на овој празник се подготвува ја поддржува таа традиција.

Велигденскиот пост се смета за најстрог во христијанството и секогаш почнува во понеделник. Тој трае 40 дена, а кулминира на Велики петок и Сабота, за да на Велигденската недела посното мени се замени со раскошна велигденска трпеза.
Првиот мрсен ручек после големиот велигденски пост не само што би требало да биде вкусен и разновиден, туку е неопходно и храната да се сервира на убаво уредена маса. Подготовката на оваа свечена трпеза е вистинска прилика во вашиот дом да создадете атмосфера на блискост.
На трпезата задолжително се принесуваат шарени јајца, печено месо и разноразни деликатеси.
Еве неколку предлози што да подготвите за велигденскиот ручек.
ПЕЧЕНО ЈАГНЕШКО МЕСО СО КОМПИРИ
Состојки:
- 1 килограм јагнешко месо
- 500 грама компири
- 4 чешниња лук
- 5 гранчиња мајчина душица
- 1 гранче рузмарин
- 5 лажици маслиново масло
- сол и црн бибер
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 250 степени. Исчистете го месото, посолете го и ставете му црн бибер. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Исчистете го лукот и исечкајте го тенко. Ставете го месото во рерната. Компирите, маслото, рузмаринот и мајчината душица добро измешајте ги, додајте им сол и црн бибер и рамномерно распределете ги во тавчето. Печете во рерна 20-ина минути, а компирите повремено промешувајте ги. Пред крајот додадете го сечканиот лук и вратете го тавчето во рерна уште неколку минути.
Јагнешкото извадете го од рерна и оставете го да се олади. Сервирајте го месото на голема чинија заедно со компирите.
ЛЕПИЊА СО КРОМИД
Тесто:
- 400 грама брашно
- половина коцка квасец
- 1 лажичка сол
- 200 милилитри млако млеко
- 100 грама свинска маст
Фил:
- 800 грама кромид
- 300 грама сланина
- 400 милилитри кисела павлака
- 4 јајца
- сол, црн бибер, рендано мускантно оревче, ким
Подготовка:
Во средината на просеаното брашно обликувајте вдлабнатина и во неа ставете го стасаниот квасец, кој претходно сте го ставиле во малку млако млеко со лажичка шеќер. Измешајте го добро тестото, покријте го и оставете го околу 30 минути да нарасне.
Растопете ја свинската маст и оставете ја да се олади, па со една лажичка сол ставете ја во садот со нараснатото тесто. Измешајте ја смесата добро, па повторно оставете ја покриена 30-тина минути да нарасне.
Кромидот исечкајте го на тенки крукчиња, а сланината на ситни коцкички. Во тавче без масло пропржете ја сланината (околу 5 минути), додадете го кромидот и мешајте 15-ина минути додека не омекне.
Павлаката измешајте ја со јајцата, додадете ги кромидот и сланината, зачинете со сол, црн бибер и мускантно оревче и лесно измешајте ја целата смеса.
Тавчето во кое ќе печете намачкајте го со малку маргарин, развијте го тестото рамно на тавчето, врз него ставете го филот и одозгора попрскајте го со малку ким по желба.
Печете околу 30-35 минути во рерна загреана на 200 степени.
ЧОКОЛАДНИ ЈАЈЦА
Состојки:
- 350 грама чоколадо
- 250 грама шеќер
- 2 жолчки од јајце
- 1 лажица мелено кафе
- 100 грама путер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- чоколадо во прав
- чоколадни и шарени украсни трошки
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа. Одвоено изматете ја жолчката со шеќерот, додадете го путерот, кафето и чоколадото. Од изладената смеса обликувајте јајца, па извалкајте ги во чоколадото во прав и украсете ги со трошките.