Гладот има негативна конотација во нашето општество. Нашата прва реакција на тој збор е дека се работи за нешто лошо, чувство кое треба да се поправи или потисне. Сепак, гладот е важен дел од целокупното искуство на исхраната. Храната едноставно има подобар вкус кога сме гладни.
Многумина грицкаат по цел ден, никогаш не се потполно сити, но на своето тело не му даваат време тоа да стане потполно гладно. Друг ќе се обиде да го игнорира тоа чувство на глад со цел да изгуби некој килограм.

Во одредени случаи може да се случи луѓето да развијат страв од глад.
Французите инстинктивно бираат право време за чувство на глад: грицкањето во текот на денот е ретко затоа што им е особено важно да седнат на маса со добар апетит, особено ако станува збор за вкусна храна.
Три причини поради кои е подобро да го прифатите гладот во секојдневниот живот:
Јадењето во отсуство на глад значи дека претеруваме
Одредени експерти за слабеење остваруваат голем успех со помош на алатката наречена Скала за глад. Концептот е многу прост: Кога ја користите Скалата на глад, не јадете додека не забележите дека сте пријатно гладни (не умирате од глад) и престанувате кога сте пријатно сити (не полни).

Вака се задоволуваат потребите на телото за храна, а не го оптоваруваме со преголемо и претерано внесување храна.
Дозволувајќи им на децата да бидат гладни ја намалува нивната пребирливиот.
Дел од одговорноста во исхраната на децата има врска со одредување на правилниот временски интервал меѓу оброците. Доколку го оставите детето меѓу двата оброка да стане гладно, храната ќе му има подобар вкус, а така ќе биде поотворено за пробување нови намирници.
Децата се многу пребирливи кога не се гладни. Гладот ни овозможува да уживаме во храната.
За храната да биде навистина добра, треба да бидена навистина гладни. А добра глад се создава со правовремени паузи меѓу оброците.