Работата од дома го намалува стресот и ја зголемува продуктивноста

Работата од дома го намалува стресот, овозможува повеќе време да се помине со семејството и доведува до поголема продуктивност, покажуваат резултатите од проучувањето на 7.000 домаќинства во Германија кои работеле од дома за време на пандемијата, пишува „Гардијан“.



Заклучокот е дека многу испитаници изјавиле дека имаат позитивно искуство. Мнозинството велат дека работењето од дома им го намалило стресот, им овозможило повеќе време да посветат на семејниот живот и довело до поголема продуктивност.

Повеќе од три четвртини од анкетираните, кои изјавиле дека порано не работеле од дома, се надеваат дека ќе продолжат така и во иднина.

Истражувањето е побарано од здравствената осигурителна компанија ДАК, а спроведено од истражувачките центри ИГЕС и ФОРСА пред и за време на пандемијата.

Анкетата исто така покажува дека 21 отсто од работниците биле под стрес пред пандемијата поради патувањето до работното место, а по пандемијата тој број паднал на 15 отсто.

Процентот на работници кои велат дека никогаш или понекогаш се под стрес, се искачил од 48 на 57 проценти. Од оние кои сега редовно работат од дома, 56 проценти велат дека се попродуктивни во споредба со извршувањето на својата работа на работното место, а две третини велат дека можат подобро да ги комбинираат работата и семејството.

Според истражувањето, речиси 77 отсто од испитаниците кои претходно не работеле од дома велат дека сакаат да продолжат да го прават тоа и во иднина.

Сепак, речиси половина од испитаниците признаваат дека немаат јасна граница помеѓу работата и животот дома, а овој процент се зголеми на 52 кај оние на возраст од 18-29 години, а три четвртини велат дека им недостига директен контакт со колегите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби