|
|
|
Разводот може да доведе до болести и зголемена смртност кај мажитеРазводот, разделбата и живеењето сам честопати се причина за влошување на здравјето кај мажите и доведуваат до зголемена смртност. Ова го откриле научниците во ново истражување.

И претходни истражувања покажаа поврзаност меѓу социјалната изолација (осаменоста) и повисоките стапки на болести. Западните општества имаат највисок раст на луѓе кои живеат сами. Ова ги натера научниците да побараат поврзаност меѓу осаменоста и заболувањата.
Неодамнешен труд од Данска го открива токму тоа – разделбата, разводот, смрт на сопружникот, а потоа и осаменоста доведуваат до здравствени проблеми. Написот е објавен во лондонскиот „Journal of Epidemiology & Community Health”.
Проф. Рике Лунд од Универзитетот Копенхаген во Данска ги проучува средовечните луѓе кои живееле најмалку 26 години во некаква партнерска заедница.
Ова е прв труд којшто ги испитува влијанијата и последиците од осаменоста во покус или подолг временски период и доживување на еден или повеќе разводи или разделби по долга љубовни врска. Во истражувањето учествувале 4.835 луѓе на возраст од 48 – 62 години. Кај луѓето кои живеат сами повеќе од седум години, има зголемување на ризикот од болести за 12 отсто.
Истражувањата не откриле таков ефект кај жените.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
- Тато, да не спиеш? - Не! Кажи што сакаш. - Дај ми 200 денари за во град, - Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!
* * * Се јавува плавуша во Авиоимпекс: - Се извинувам,... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох...
1905.- Во Велес е роден Стефан Гајдов,...
1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и...
1994.- Весникот на албански јазик "Флака е...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|