Од сите можни трендови кои што можеше да ги донесе годинешното издание на Евровизија, обраснатите женски пазуви беа последното нешто на кое би помислиле. Сепак, на шведската претставничка освен што и појде од рака да го освои првото место и тргна и „мишка модата“, па сега нејзините сограѓанки гордо ги покажуваат своите влакнести пазуви.

Шведските активистки дојдоа до тој степен што организираа и протест наречен „Враќање на влакната“ тврдејќи дека измислените норми за убавина се создадени за да ги контролираат жените.
Лорен (28) пак изјави дека и самата е помалку феминистка па воопшто не гледа ништо страшно во новиот „тренд“.

- Не гледам причина зашто жените би требало да се бричат под пазувите. Не сакате сега да ги видите моите пазуви, е нејзиниот став.
Што велите за тоа?