Колку често читате книги? Доколку воопшто не читате или пак одвај читате една книга годишно, можеби ова е вистинското време да ја промените навиката. Во прилог следат 13 одлични причини поради кои вреди да го направите тоа.

1. Читањето е активен ментален процес –за разлика од телевизијата, книгите ја стимулираат работата на мозокот. Колку повеќе читате, толку сте попаметни.
2. Книгите го збогатуваат речникот – читањето на различни книги ви помага да научите нови изрази, да започнете да користите поинакви зборови и да го збогатите вокабуларот.
3. Учите нови нешта – преку книгите учите за нови места, култури и обичаи, а со тоа ги проширувате и своите хоризонти.
4. Ја подобрувате концентрацијата – за разлика од магазините, интернет постовите или меиловите, книгите ја раскажуваат целата приказна. Бидејќи мора да се концентрирате на читањето, паралелно ја подобрувате концентрацијата.
5. Имате поголема самодоверба – со читањето на повеќе книги станувате поинформирани и поголеми експерти за некоја тема. Тоа пак ја зголемува вашата самодоверба.

6. Со читањето се подобрува меморијата – многу научни истражувања покажуваат дела доколку не ја користите меморијата, ќе ја загубите. Читањето бара помнење детали, факти, ликови, теми и карактери.
7. Ви дава тема за разговор – различни книги нудат различни теми за разговор. Кога немате идеја за што да зборувате секогаш може да се најдете во разговор за некоја книга.
8. Станувате покреативни – читајќи книги добивате поголемо знаење, а со тоа и повеќе идеи. Па така благодарение на здобиеното знаење може да изнаоѓате попрактични и нови решенија за нештата кои ве мачат.

9. Книгите не се скапа забава – предноста кај книгите е во тоа што се купуваат еднаш, може да се читаат повеќе пати и не се премногу скапи.
10. Го намалуваат стресот – најдобриот начин да се релаксирате по напорниот ден е да прочитате добра книга која ќе ве вовлече во светот на фантазијата и ќе ве оттргне од секојдневните грижи.
11. Може да ви го променат животот - секоја книга има порака и може да ви помогне во разработувањето на вашата инспирација. Без разлика дали тоа е бизнис книга или пак лесен романтичен роман, книгите имаат посебна моќ за менување на вашиот живот.

12. Пауза од дигиталниот свет- кога ќе ви здодеат компјутерите, телефоните и телевизорите, земете книга и „вчитувајте“ информации на старомоден начин. Верувајте ќе ви се допадне.
13. Книгата е подобра од филмот- додека филмот е готов производ, книгата остава на вашата фантазија да си ги замислите ликовите, околностите и дејството создавајќи едно сосема поинакво интимно чувство.