Недостигот на здрав сон го слабее имунитетот

Постојат бројни фактори поврзани со подобрувањето на функцијата на имунолошкиот систем – од јадење здрава храна и пиење доволно вода, до правилно и постојано вежбање. Меѓутоа, многу често се занемарува уште еден крупен фактор, а тоа е спиењето.

Поврзаноста помеѓу спиењето и имунолошката функција е биодирективно поврзана – што значи дека кога имунолошкиот систем не функционира како што треба, се влошува и спиењето, како и обратно.

На пример, во една студија биле испитувани примероци крв од идентични близнаци, при што било откриено дека оние кои помалку спиеле имале влошен т.е побавен имунолошки систем во споредба со оние кои спиеле подобро и подолго.

Зошто спиењето го подобрува имунитетот?

Причината е видот протеини кои се ослободуваат од имунолошкиот систем, наречени цитокини. Тоа се еден вид на „војници“ на телото кои се борат со „непријателот“ (вируси, бактерии и сл.) и кои се активираат секогаш кога е детектирана некоја инфекција или повреда, при што предизвикуваат воспаленија за да се активира заздравувањето на раната.

Кога не спиеме доволно, продукцијата на овие цитокини се намалува, како и развивањето на антитела способни за борба со инфекции, што ја намалува одбраната против вирусите.

Недоволното спиење може да го зголеми и ризикот од повреда при вежбањето, бидејќи во длабокиот сон телото лачи хормони клучни за мускулното опоравување, модулацијата на инфламаторната реакција на организмот, па дури и за начинот на кој го синтетизираме протеинот.

Така, недоволното спиење не само што ги продолжува болестите, туку и времето за опоравување од повреди.

Препорачаната „доза“ спиење е 7-9 часа во една вечер, но поважен е квалитетот на спиењето, бидејќи доколку се будите неколку пати во текот на ноќта, ќе се чувствувате уморно во текот на целиот ден.

Навики кои овозможуваат што поквалитетно спиење вклучуваат легнување и станување во исто време (дури и за викендите), избегнување на гледање телевизија (или во екранот на компјутерот/смартфонот) барем еден час пред легнување, како и некоја активност како читање мејлови или весници, што може не само да не расони туку и да предизвика стрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби