„Земи или остави“ ден за Грција

Атина, 3 јуни 2015 (МИА) - Нема план Б за Грција, изјави денеска еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси.

- Нашата цел е посилна грчка економија во рамките на еврозоната, истакна Московици и додаде дека сите работат многу напорно за да се избегне „грегзит“.



- Деноноќно работиме на единствено решение за да и помогнеме на земјата да надмине некои големи предизвици и тешкотии, рече еврокомесарот и изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе биде постигнат договор.

Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Атина, претставник на еврозоната информира дека претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум ќе присуствува на денешните разговори во Брисел со грчкиот премиер Алексис Ципрас за тоа кои реформи Грција ќе мора да ги спроведе за да добие уште средства од кредиторите.

На состанокот, кој треба да почне вечерва, ќе учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд - институциите кои преговараат со Грција во името на меѓународните кредитори.

На Ципрас ќе му бидат презентирани детали од последниот предлог на кредиторите со кој би требало да се одблокира финансиската помош за Грција со цел земјата да избегне банкрот.

Ципрас во Брисел ќе се сретне и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

- Ќе одам да му објаснам дека денеска, повеќе од кога било, е неопходно кредиторите и главно политичкото раководство на Европа да покажат реализам, изјави Ципрс пред да замине за Брисел.

- Ни треба единство, мора да избегнеме поделба (на Европа). Сигурен сум дека политичкото раководство на Европа ќе го направи она што треба, нагласи грчкиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...