Албанија ќе исплаќа месечен финансиски надоместок за секое дете до петгодишна возраст

Од 1 јануари 2026 година, бонусот за бебе, што во Албанија почна да се исплаќа во 2019 година, целосно ќе ја промени својата форма, па така наместо чек што се дава еднаш при раѓање, родителите ќе имаат корист од месечен износ за секое дете до петгодишна возраст.



За прво дете ќе се исплаќа 5 илјади леки (над 50 евра месечно или 618 евра годишно) за второ 7 илјади леки ( 72 евра или 865 евра годишно) и 10 илјади леки (103 евра месечно или 1237 евра годишно) за трето дете.

Врз основа на владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 до минатата година, родителите на првородено дете добиваа по 40 илјади леки, за второ 80.000 и 120.000 леки за трето дете, независно каде живеат родителите-албански државјани, додека од минатата, само оние кои постојано живеат во Албанија.

Новата владина програма за месечен надоместок експертите од оваа област го сметаат за позитивен чекор, кој „би можел малку да ја подобри благосостојбата на семејството и да биде поттик за младите луѓе да основаат повеќедетни семејства“.

-Секој знае колку чини одгледувањето дете денес - од пелени до млеко. Под овие услови, тие 40 илјади леки, 80 илјади леки или дури 120 илјади леки што беа доделувани одеднаш, не покриваа речиси ништо. Само минималните месечни трошоци за дете денес се над 10 илјади леки. Затоа, преминот од еднократен бонус на месечна поддршка е позитивен чекор, изјави Клодијан Муча, за eronews.al.

Според државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во првиот квартал од 2025 година, родени се 4.662 бебиња, што за над 14 отсто помал број споредено со истиот квартал минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...