Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека првата фаза на „обоената револуција“ во Србија е завршена, со цел да се предизвика омраза и длабока поделба во јавноста, и дека сега е актуелна втората фаза – „терор и насилство“, како подготовка за трета фаза.



Брнабиќ пред новинарите во Домот на Народното собрание оцени дека втората фаза се однесува на уништување, кршење и палење на просториите на политичките партии на неистомислениците, пред сè на Српската напредна странка (СНС), чиј член е и таа, како и на палење на државни и локални институции – обвинителства, судови и градски општини.

- Ако некој помислил дека станува збор за насилство заради насилство – не, не е. Тоа е втората фаза – терор и насилство, за да се создаде слика на целосен хаос, губење на контролата и целосна дестабилизација на нашата земја, изјави таа, пренесува Бета.

Според претседателката на Парламентот, ова се прави за да се премине во „третата фаза на обоената револуција“, односно да се појават луѓе кои ќе „наметнат решение за наводно враќање на мирот и стабилноста“. Како пример, таа го спомна неформалниот документ на директорот на Форумот за етички односи, Душан Јањиќ, кој наводно бил испратен до меѓународната заедница за решавање на кризата во Србија.

- По вчерашниот ден, сосема е јасно дека она што го гледаме девет месеци е школски пример за обид за обоена револуција и насилна смена на власта, оцени Брнабиќ. Според неа, се создава впечаток дека за враќање на мирот и стабилноста во земја во која е создаден хаос е потребна интервенција на странски фактор.

- Туку се заокружува целата приказна, имате целосна окупација на земјата и одземање на секој суверенитет, смета Брнабиќ. Таа наведе дека во споменатиот документ се предлага решение кое подразбира ставање под целосна контрола и надзор на претседателот на Србија, Народното собрание, безбедносните и разузнавачките структури, Советот за национална безбедност и Државниот центар за податоци.„

Таа го отфрли овој документ, испраќајќи порака до, како што рече, „странците“, да не помислуваат да зборуваат за него или за сличен документ.

- Во Белград и Србија нема да има нов Мајдан, ќе се бориме со сите демократски средства, преку нашите институции, Собранието и ќе пружаме отпор на секое место – не со терор и насилство, зашто тие би сакале да видат граѓански судири и војна. Ќе се бориме зачувувајќи ги нашите институции и нашата земја. Нашиот одговор е не, изјави Брнабиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...