Сите земји-членки на НАТО ја поддржуваат Турција

Брисел, 30 ноември 2015 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Стролтенберг и премиерот на Турција Ахмет Давутоглу на денешната средба разговараа за итните меѓународни прашања, вклучително кризата во Сирија и минатонеделниот инцидент, соборувањето на рускиот воен авион.

- Сите земји-членки на НАТО го поддржуваат турското право да го одбрани својот територијален интегритет и воздушен простор, изјави Столтенберг по средбата во седиштето на Алијансата.

Тој додаде дека ги поддржува и напорите на Анкара за воспоставување на контакт со Москва и смирување на ситуацијата.

- Важно е да се смират тензиите, посочи Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна и дека во иднина треба да се избегнуваат сличните ситуации.

- Инцидентот од минатата недела покажа колку е важно да се зајакнат меѓународните механизми за да се изгради стабилност, транспарентност и предвидливост во нашите односи со Русија. Тоа е клучно за да се намали ризикот од инциденти и несреќи, наведе Столтенберг.

Прашањата за намалување на ризиците и транспартентност на воените активности ќе се разгледуваат на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 1. и 2. декември.

Столтенберг апелира и Русија да има конструктивна улога во Сирија во борбата против Исламска држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...