Александар Вучиќ стапи на должноста претседател на Србија

Александар Вучиќ официјално стапи на должноста претседател на Србија. На церемонијата во палатата „Србија“ во главниот град Белград, присуствуваа околу 5.000 гости, вклучувајќи претставници на повеќе од 60 странски делегации, пренесе ТАСС.

Вучиќ, кој победи убедливо на претседателските избори уште во првиот круг на 2 април, веќе положи заклетва како шеф на државата на 31 мај.

На приемот синоќа беа поканети гости како од Србија, така и од соседните земји, САД, Русија, ЕУ, НАТО и Кина. Вучиќ ги пресретнуваше заедно со својата сопруга Тамара. Ова беше прво јавно појавување за неа, откако роди син на 10 јуни.

Според официјалните податоци, Србија не примила толку многу странски гости од погребот на Тито во 1980 година.
Пред церемонијата, новиот српски претседател беше поздравен од својот претходник Томислав Николиќ.
- Му посакувам да биде подобар претседател од мене, рече Николиќ за Вучиќ.

Во својот говор по повод стапувањето на должност, новиот српски претседател истакна дека неговата земја се гордее со своите традиционални пријателски односи со Русија.

- Се наоѓаме на патот кон Европа и сакаме да останеме на него, истакна во исто време Вучиќ.

Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ изрази надеж за обновување на добрите односи меѓу нејзината земја и Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...