Ердоган: Сакаме да отвориме нова страница во односите со Германија

Tурција сака да отвори нова страница во односите со Германија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг’, во пресрет на неговата денешна посета на Берлин.

 

- Имаме одговорност разумно да ги унапредиме нашите односи врз основа на заедничите интереси, напуштајќи ги ирационалните стравови, изјави Ердоган, нагласувајќи дека Анкара и Берлин треба да „го притиснат копчето за рестартирање на нивните односи“.

Во интервјуто насловено „Очекувањата од Германија“, Ердоган изразува надеж дека Германија ќе ја поддржи борбата на турските власти против сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) и против движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година.

Турскиот претседател предупредува и на подемот на десничарскиот екстремизам и исламофобијата во Европа. оценувајќи дека токму исламофобијата е најголемата пречка во преговорите за членството на Турција во ЕУ.

Ердоган попладнево ќе допатува во тридневна официјална посета на Германија, со цел, како што најави Анкара, да придонесе за подобрување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

За време на престојот во земјата, Еродган ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, со канцеларката Ангела Меркел, со раководителите на неколку големи германски компании, како и со претставници на турската заедница во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...