Вучиќ за ставот на Белата Куќа: Паушални коментари не ме интересираат

По соопштението на Белата куќа од портпаролот Џуд Дир, во кое ги повика Косово и Србија да ја остават на страна екстремистичката реторика и да работат на договор кој се фокусира на меѓусебното признавање, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека „во изминатите 5 години нема дадено ниту една екстремистичка изјава“, додавајќи дека паушални коментари не го интересираат.

Вучиќ, кој е во обиколка на поплавените краеви на Србија, изјави дека би сакал од „Белата куќа да му кажат, кој е таа српска изјава, која е екстремистичка.“

-Во претходните пет години не можат ништо да ми најдат. Новинарите еднаш ме фатија дека нешто опцув во брада, некаде во Чачак за време на поплавите и тоа е единственото нешто што можат во некаква непристојност да ме фатат, рече Вучиќ.

Тој ја коментираше и изјавата на Даниел Сервер, која МИА ја објави, дека „Вучиќ не е подготвен за историски компромис со Косово“, изјавувајќи дека „тој секогаш е подготвен за компромис, но тоа не смее да подразбира Србија да изгуби се, а да не добие ништо.“

-Тој филм нека го заборават и Сервер и сите останати-изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „Србија е заинтересирана за продолжување на дијалогот, но нема за што да разговара додека Приштина не овозможи слободен проток на стоки“.

Вучиќ одби да ги коментира наводите на одделни медиуми, за „новиот план за Косово на германската канцеларка Ангела Меркел“, изјавувајќи дека „не може да коментира нешто што нема видено“ и дека пред два дена телефонски разговарал со неа, „ а Меркел ништо не му спомнала за такво нешто.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...