Анагностопулу: Со суштински и стабилни чекори се спроведува Договорот од Преспа

Со многу суштински и стабилни чекори се спроведува Договорот од Преспа, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА во однос на одржаниот прв состанок на Меѓународната група на експерти меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.



Анагностопулу објаснува дека улогата на групата е да е да се испитаат и да се решат можните разлики меѓу бизнис заедниците од двете земји за трговските ознаки, имиња и сл.

-Што значи сето ова? Дека Грција, со Договорот од Преспа, го отвори патот за „дебалканизација“ на било кои проблеми и разлики во регионот, дека ја има обезбедено потребната средина за дијалог што носи развој на локалните заедници во клима на консензус, дека ги сруши на ѕидовите ревизионизмот и неплодната политичка на интроверзија на минатото, вели Анагностопулу за АНА-МПА.

Како што соопштија од министерствата за надворешни работи на двете земји, во саботата во Скопје се одржа првиот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, на која двете делегации разменија мислења и разговараа за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун.

Следната средба ќе се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

-Меѓународната експертска група ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор, пишува во соопштенијата од министерствата за надворешни работи на двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...