Баша: Рама вети 300.000 нови работни места, но толку Албанци истера од земјата

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама за целосно неисполнување на ветувањата дадени на граѓаните пред да дојде на власт.

Според него, Рама ветил нови 300.000 вработувања, а всушност “протерал од земјата повеќе од 300.000 албански граѓани”.

На Фејсбук Баша напиша дека „Албанците се без работа бидејќи економијата е во рацете на олигарсите и клиентите на Рама”.

Баша додава дека за да се отворат работни места треба да си оди Рама, нарекувајќи го психички крадец.

-Вети 300.000 нови работни места, но истера од Албанија повеќе од толку. Триста милијарди евра се украдени и злоупотребени од психичкиот крадец во изминатите шест години, сите завршија во џебовите на Еди Рама и неговите клиенти или се злоупотребени за негов интерес, за фасади и луксуз. Албанците се без работа бидејќи економијата и економските можности ги зграпчија олигарсите и клиентите на Еди Рама. За да отворат работни места и можности за луѓето треба да ја оддалечиме бандата крадци и психичкиот крадец, напиша Баша.

Претходно тој најави продолжување на масовните протести есенва, но не прецизираше датум.

Обединетата албанска опозиција од февруари до почетокот на јуни одржа десет ” национални протести” со барање заминување на премиерот Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и фер избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...