Бериша: Дел од жртвите од земјотресот се државни убиства, Рама е национална катастрофа

Поранешниот албански премиер, некогашен шеф на државата и почесен претседател на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, говорејќи за катастрофалниот земјотрес, што ја погоди земјата на 26 ноември, како и за бројот на жртвите во Туман, кажа тешки обвинувања против премиерот Еди Рама.

Според Бериша, дел од загинатите во земјотресот се убиства на државата, бидејќи зградите во Туман не биле подготвени за живеење поради големите оштетувања од септемврскиот земјотрес, а „државата ги оставила граѓаните да умрат“.

– Владиниот фонд за резерви, кој се состои од вашите даноци, Рама го искористи за луксузна оргија и многу повеќе. Знаете дека некои од убиствата во земјотресот се убиства на државата. Но, зошто тие се убиства на државата? Бидејќи зградите во Туман не беа безбедни за живеење, поради големите оштетувања од септемврскиот земјотрес. Овие 24 лица кои загинаа, доколку не беа во тие објекти ќе беа живи. Рама минува 10 часа на екраните за да ги затскрие сопствените кривични дела. Тој нема душа, неговата душа е катран. Земјотресот беше природна катастрофа, но Еди Рама е национална катастрофа од секаков вид, обвини Бериша.

Претходно и лидерката на третата по големина политичка партија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, изјави дека за загубените животи, во Драч, Туман и Тирана, виновник не бил земјотресот, туку самиот премиер Еди Рама. Оцени дека ситуацијата стигнала до такво ниво, заради ненавременото делување на владата и на другите државните институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...