Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија)? Ги виде некој? Каде се скрија сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, се запраша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени и избрани од членовите на партиската платформа iSYRIZA под наслов „I ask & watch”.

Прашан за тоа дека „десничарската пропаганда успеа да создаде впечаток во јавноста дека левицата се идентификува со антинационалистичките сили”, поранешниот грчки премиер рече дека оваа пропаганда беше „посебно интензивна пред точно една година кога се гласаше договорот”, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека изборот на Нова демократија тогаш бил „да се идентификува со радикални мислења, со радикални кругови, да го труе грчкото општество и уште еднаш да направи поделба на патриоти и предавници”.

-Патриотизмот во нашево време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани поминавме тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) Ги виде некој? Каде се скрија сите овие, сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.

За Договорот од Преспа рече дека „ги одбраниле вистината и патриотскиот интерес”. – Мислам дека полека полека дури и оние кои лани беа под влијание и излегуваа на улица, беа чувствителни, сфаќаат дека тоа го сторивме во корист на патриотскиот интерес. Бидејќи сега, кога Турција нѐ провоцира ќе има можност со нејзините Ф-16 да лета над Северна Македонија, рече Ципрас одговарајќи на едно од 20-те прашања поставени од членовите на партиската платформа. Лидерот на СИРИЗА порача дека левицата „беше и останува патриотска сила и сила на национална одговорност“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...