Косово: Три лица хоспитализирани под сомнение за коронавирус, едниот од Кина

На инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово денеска, под сомнение дека се заразени со коронавирусот, се хоспитализирани едно лице по потекло од Кина и две лица кои допатувале од Италија, јави дописникот на МИА од Приштина.



Извори од болницата за порталот „Газета експрес“ изјавија дека 28-годишниот кинески државјанин нема нагласени симптоми на болеста која потекнува од неговата земја, меѓутоа по изразените сомневања и загриженост тој самиот се јавил на инфективната клиника.

Покрај Кинезот, во приштинската болница се примени и 27-годишна жена која студира во Пjаченца, во близина на Рим и 39-годишен маж кој работи во Милано.

Од сите нив се земени примероци за анализа, а од болницата најавуваат дека резултатите ќе бидат објавени во наредните неколку часа.

Во текот на вчерашниот ден на инфективната клиника беа примени три лица кои допатувале од Италија и за кои постоело сомнение дека се заразени со смртоносниот вирус Ковид-19. Меѓутоа, како и во неколкуте други случаи во минатите денови, анализите резултираа негативни.

Во рамки на косовското Министерство за здравство на крајот на минатата недела е формиран Комитет за следење на заразните болести, кој усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на коронавирусот. Планот ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, а со него се опфатени јавните здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК), Полицијата на Косово и царинските служби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...